Кошаркарите на Маџари во тешка и неизвесна завршница го добија денешниот скопски дуел со тимот на Феникс со конечни 85:80. Домаќинот со ова ја оствари петтата победа во овогодинешниот домашен шампионат.
Откако Маџари ја доби првата делница со десет поени предност, гостите вратија на идентичен начин во продолжение.
Во продолжението на дуелот резултатки и двата тима беа во предност, но никој не се „одлепи“ за да во самиот финиш домаќинот сепак има повеќе нерви и биде нијанса посконцентриран.
Дајсон кај Феникс беше најефикасен со 23 поени, додека Рахама постигна 19. Кај победничката екипа Грин постигна 18, Стапелтон 16 поени.










