Менуваат тренери на два месеци: Овиедо го отпушти и Карион

20
фото: Real Oviedo (X)

Луис Мигел Карион доби отказ од позицијата тренер на шпански Овиедо.

Шпанскиот тренер веќе го водеше клубот во сезоната 2023/24, но се врати на кормилото пред неполни два месеци, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.

„Сините“ победија само на два натпревари оваа сезона и поминаа два и пол месеци без победа во сите натпреварувања. Денес, Овиедо загуби со 4-0 од Севиља во 16-тото коло од Ла Лига, што беше и причина Карион од вечерва да си бара нова работа.

„Реал Овиедо им се заблагодарува на Луис Карион и на неговиот тим за нивната посветеност, професионализам и напорна работа во клубот и им посакува се најдобро во нивните идни кариери“, се вели во соопштението на Овиедо.

ПретходноФОТО: Ова е Охрид! Се слави триумфот над шампионот!
СледноКожув до важен триумф против Куманово