Тимот на Удинезе денеска направи големо изненадување откако во рамките од новото коло во Серија А, на свој терен го совлада фаворизинатиот тим на Наполи со конечни 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше холанѓанецот Јирген Екеленкамп во 73. минута од мечот. Претходно на два пати се тресеше мрежата на гостите но погодоците на Дејвис и Заниоло беа поништени поради офсајд односно прекршок. Нашиот Елиф Елмас се најде во стартниот состав на Наполи и го одигра речиси целиот меч.
Од друга страна пак тимот на Фиорентина продолжува со очајните игри и резултати. Овојпат во Фиренца трите бода ги освои гостинот Верона со конечни 1:2.
Орбан погоди за водство на гостите, Нуњез си постигна автогол за 1:1, а Орбан повторно погодува во третата минута од судиското продолжение за конечен триумф на Верона.










