Робинсон со прва победа во супер-џи

30

Алис Робинсон од Нов Зеланд е победничка на предмалку завршената супер џи трка која што се возеше во швајцарскиот Сент Мориц, во рамките од новата сезона во Светскиот ски куп.

Таа беше најбрза со време од 1:14:84, и беше за осум стотинки побрза од второпласираната Роман Мирадоли.

Трета на пидесталот се искачи искусната Софиа Гоџа со заостанување од 19 стоти делови од секундата.

Во генералниот пласман сеуште води Михаела Шифрин пред Лара Колтури, додека денешната победничка Алис Робинсон е трета.

 

ПретходноНевидени проблеми: Алонсо нема со кого на едно од најтешките гостувања
СледноПелистер на „тест“ во Охрид