Ракометарите на Охрид денеска успеаја да извојуваат голема победа над шампионот Е. Пелистер во мечот од 17. коло во домашниот шампионат (29:25). Со оваа победа охриѓани влегуваат во тесна битка за врвот заедно со Вардар кој останува два чекора пред другите, но рамо до рамо со Пелистер и Алкалоид.
Победата беше прославена уште во соблекувалната на „рибарите“.










