Шок за Оклахома: Вториот пораз сезонава ги одзема надежите за прва титула (ВИДЕО)

97

Кошаркарите на Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс ќе се борат за трофејот во НБА Купот.

Никси го победија првиот носител на Истокот, тимот на Орландо Меџик, со резултат од 132:120, а Спарс направија уште поголемо изненадување, ја победија Оклахома Сити Тандер со 111:109, нанесувајќи им го само втор пораз во 26 натпревари сезонва. Финалето ќе се игра во Лас Вегас за два дена.

Њујорк направи клучен исчекор во третата четвртина, кога се врати од резултатска негатива, поведе и го задржа водството до крајот. Џејлен Брансон постигна 40 поени и со осум асистенции беше лидер, Карл-Ентони Таунс додаде 29 поени и осум скока во победата на својот тим. За „Меџик“, најдобар беше Сагс со 26 поени и седум асистенции и Паоло Банчеро со 25 поени и осум скока.

Четири играчи на Сан Антонио постигнаа повеќе од 20 поени, вклучувајќи го и повратникот Виктор Вембањама. Французинот се врати откако пропушти 12 натпревари поради повреда на листот. Тој започна од клупата и постигна 22 поени со девет скока за 20 минути игра.

Оклахома Сити загуби само еднаш пред овој натпревар, против Портланд, пред повеќе од еден месец. Тогаш беше 121:119, а сега е само разлика од два коша. Шај Гилџес-Александар постигна 29 поени, а Чет Холмгрен и Џален Вилијамс имаа по 17 поени во поразот на актуелните шампиони на НБА.

ПретходноСамо поради Шкендија: Македонските клубови оваа сезона во Европа досега со рекордни ДЕВЕТ победи! (ФОТО)
СледноСлот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми