Јувентус по четири години славеше против Болоња (ВИДЕО)

21
фото. Juventus FC (X)

Во последниот натпревар од 15-то коло од Серија А, Јувентус ја победи Болоња како гостин со минимален резултат, 0:1.  Еден од најтешките натпревари на „Старата дама“ на гостински терен во последните години беше токму овој вечерашниот, затоа што „Старата Дама“, конечно, по четири години и четири последователни нерешени резултати успеа да ја совлада Болоња на „Ренато ДалАра“.

Моментот на одлука беше во 64-тата минута, само три минути откако влезе од клупата, Хуан Кабал, по асистенција на Кенан Јилдиз, успеа да го отвори резултатот.

Со овие три бода, Јувентус ја престигна Болоња на табелата и сега е седум бода зад лидерот Интер.

ПретходноГо направија невозможното: Го победија Селтик и го освоија Лига Купот на Шкотска
СледноБитолчани тешко прифаќаат пораз: Скршена врата, инциденти во соблекувалните, но и на улиците на Охрид (ФОТО+ВИДЕО)