„Вардарки“ поминаа лесно низ Неготино, за приклучок со врвот

26
Фото: КФСМ

Кошаркарките на Вардар стигнаа до уште една, победа, откако без проблеми славеа на гостувањето во Неготино со 54-84 за скор од седум победи и еден пораз, и враќање на позицијата број 1, која ја делат со екипите на Крива Паланка и Баскет кам по осум одиграни мечеви во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

Капитенски одигра Елена Тасевска, која го заврши натпреварот со ефект од 21 поен, на кои додаде и пет скока, три освоени топки и две асистенции. Трајковска додаде 20 поени и по шест скока и додавања, а Николиќ и Пислевска дополнија со по десет поени.

Во домашната екипа која има скор (1-7), прво име бепе Лукиќ, која имапше 24 поени (но и седум загубени топки), а двоен број на поени, вкупно 11, имаше Динова, но и таа загуби доста топки – дури 10.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Спорт тим – Вардар 54:84

Баскет кам – МЗТ Бела вода 64:45

Бадел 1862 – Пробаскет 70:69

Патриот 2016 – Крива Паланка 53:103

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка 8 7 1 691:459 15

2.Баскет кам 8 7 1 545:408 15

3.Вардар 8 7 1 599:515 15

4.Бадел 1862 8 4 4 587:527 12

5.Пробаскет 8 4 4 611:596 12

6.МЗТ Бела вода 8 2 6 475:521 10

7.Спорт тим 8 1 7 412:595 9

8.Патриот 2016 8 0 8 402:701 8

ИДНО КОЛО (20.12)

Бадел 1862 – Баскет кам

Крива Паланка – МЗТ Бела вода

Пробаскет – Спорт тим

Вардар – Патриот 2016

ПретходноШпанците: Перез изненаден, играчите му испратија поддршка на Алонсо
СледноКонте: Треба да покажеме повеќе карактер на гостувањата