КФСМ со детали за „Ол Старот“: Сакаме да покажеме дека кошарката може повторно да биде спорт број 1!

141

Кошаркарската федерација на Македонија ги изнесе сите детали околу „Ол Стар“ програмата која ќе се случи на 21 декември, ден кој е посветен на славење на македонската кошарка.

Во своја објава од „куќата на кошарката“ потенцираат дека на овој ден сите спортски субјекти треба да бидат на иста страна.

„Ова е ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови. Ден кога ја славиме играта, заедништвото и убавината на кошарката, токму затоа што сме различни, а обединети околу иста вредност.

Со овој настан сакаме заеднички да покажеме и да докажеме дека кошарката повторно може да биде спорт број 1 во Македонија – со почит, соработка, визија и љубов кон играта“, велат од КФСМ.

Деталите можете да ги прочитате на овој ЛИНК. 

ПретходноГРК Охрид им се поклони на фановите (ФОТО)
СледноМакедонија до 17 години ги дозна противничките за квалификациската рунда во лига Б