Лоша вест: И во проширена Лига на Шампиони, Македонија нема загарантирано место! (ФОТО)

100

И дефинитивно и за следната сезона во ракометната Лига на Шампиони, нема да има загарантирано место за Македонија, односно за шампионот на нашата земја. Лоша вест е таа што иако ЛШ ќе биде проширена од 16 на 24 клубови, Македонија нема да има загарантирано место па така ќе мора повторно да се оди преку вајлд – карта, како што беше во изминатите години кога имаше по 16 клубови.

На ранкинг листата, како што се гледа, Македонија е на 12.место во ЛШ, а директно место ќе имаат само тие земји, односно нивни клубови што се од 1 до 10 место.

Четири вајлд – карти ќе бидат дадени за федерациите кои што нема да имаат обезбедено директни места во ЛШ, меѓу кои е Македонија.

Инаку во Европската лига и во следната сезона Македонија ќе има обезбедено едно место, како што беше и досега, а во Европскиот Куп,три места.

Ова е одлука на Извршниот Комитет на ЕХФ:No description available.

ПретходноМалешевиќ е МВП на 10. коло во Супер-лигата
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА