Мирко Оцокољиќ нема да остане прв тренер на Партизан. Раководството на клубот одлучи да ангажира шпански тренер – Жоан Пенароја.
Иако Оцокољиќ на одличен начин го водеше тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, челниците на Партизан сепак решија на клупата да дојде странец, а изборот падна на 56-годишниот Пенароја.
Шпанецот веќе пристигна во Белград. Утре официјално ќе биде претставен во еден белградски хотел, а пред јавноста ќе се обратат првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ и спортскиот директор на тимот Жарко Паспаљ.
Жоан Пенароја е добро познато тренерско име, особено во Шпанија, каде што ја помина целата своја кариера. Тренерското име го изгради во екипата на Андора, која ја водеше во периодот од 2010 до 2018 година. Тимот го воведе во елитниот ранг на шпанската кошарка, а подоцна и во Еврокупот.
Потоа ги водеше Манреса, Бургос, Валенсија и Басконија, а минатата сезона ја мина во Барселона. Отказ доби во ноември по слабиот старт на сезоната.
Пенароја го затекнува Партизан во добра форма и со четири врзани триумфи под водство на Мирко Оцокољиќ. Што ќе се случи со овој одличен тренер, останува да се види.
Се очекува да му биде понудено место во стручниот штаб, што дефинитивно го заслужи по сè што направи.
Навивачката група „Гробари“ не го сака шпанскиот експерт Жоан Пењароја на клупата на Партизан. Тие тоа јасно го ставија на знаење на неодамнешното дерби.










