Македонскиот фудбалски национален тим до 15 години денеска на контролниот дуел против соодветната селекција на Турција загуби со минимални 0:1.
Во дуелот одигран на комплексот Петар Милошевски во Скопје противникот постигна гол во првиот дел, а потоа, ниту Македонија ниту Турција не ги искористија своите шанси.
На првиот дуел Македонија триумфираше со 3:2.










