РФМ и Пивара Скопје, 45. години бајка која носи успех

55
Денес официјално беше потпишан договорот за соработка меѓу Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што се потврдува и продолжува едно од најдолгите и најзначајни партнерства во македонскиот спорт.
Воедно, денешниот настан беше посветен и на одбележувањето на 45 години континуирана поддршка на Пивара Скопје кон македонскиот ракомет – поддршка која со децении стои зад успесите, развојот и вредностите на нашиот спорт.
Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност за долгогодишната доверба и заедничката визија за иднината на македонскиот ракомет.

ПретходноАрсенал не треба да се плаши од Халанд, туку од друг играч на Сити
СледноПораз на Македонија У15 од Турција