Вчера во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј беа убиени 16 лица и десетина беа повредини. Еден од убиените е Ден Елкајам, фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден. Оваа вест беше потврденп и официјално од самиот клуб.
“Ден беше интегрален член на нашиот тим кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, објавија од клубот.
Шок и неверица вчера и денеска владее во Австралија по страшните настани што се случија вчера на една најпознатите плажи во таа земја.










