Јагуриноски: Пресуди големата желба, верувам дека ќе бидеме уште подобри!

53
Фото: ГРК Охрид

Томислав Јагуриноски се покажа како вистинско засилување во редовите на ГРК Охрид. Македонскиот репрезентативец од меч во меч го потврдува тоа. На дербито против Пелистер, дуел на кој неговиот тим славеше со 29-25, беше еден од најдобрите ракометари на охриѓани. Јагуриноски ги спроведе сите задачи, а зад своето име запиша три гола во исто толку обиди.

 „Многу тежок натпревар. Пелистер имаше потешки мечеви од нас, пресуди големата желба. Тоа го покажвме на терен, во еден момент имавме големо водство. Се надевам дека публиката го препозна нашиот мотив и како што кажав голема желба. Верувам дека од меч во меч ќе бидеме се подобри“, изјави македонскиот репрезентативец после мечот.

ГРК Охрид има 27 бода исто колку и Алкалоид со кого го делат третото место на табелата. И двата тима се само на еден бод зад Пелистер што пак најавува интересна битка до крајот на сезоната.

ПретходноАнглиски репрезентативец заврши во болница
СледноИнвестиција на Министерството за спорт – Тетово доби современо уреден простор за спорт и рекреација