За Струга ТЛ денеска заврши одморот, стартуваа подготовките за пролетниот дел!

568
ФОТО: FC Struga/FB

Иако собирот за официјалниот старт на подготовките е закажан за 5 јануари, фудбалерите на Струга ТЛ денеска стартуваа со работа. Имено за стружани заврши одморот кој траеше 10 дена, а од денеска секој фудбалер ќе работи индивидуално според програмата на шефот на стручниот штаб Бледи Шкемби. Всушност тоа ќе бидат еден вид на он-лајн тренинзи, со цел кога ќе се стартува со она вистинското играчите да бидат во форма.

Инаку главниот дел од подготовките ќе се одвива во Анталија, вообичаената зимска база на стружани. Таму покрај “брусење“ на формата низ тренинзи ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со силни ривали.

Во врска со зимскиот преоден рок од таборот на еден од најголемите аспиранти за титулата, велат дека плановите се да се ангажираат две до три засилувања, но само под услов тоа да бидат квалитетни имиња. Струга ТЛ има квалитетен и широк ростер и нема потреба од купување на играчи само колку да има нови имиња.

За ова и за некои разделби ќе се знае најдоцна до средината на јануари. Јасно е дека Струга ТЛ ја навикна јавноста на големи трансфери за наши условил, па веруваме дека така ќе биде и оваа зима, односно во овој преоден рок.

ПретходноИнвестиција на Министерството за спорт – Тетово доби современо уреден простор за спорт и рекреација
СледноИ пикадото е опасен спорт, погледнете зошто… (ВИДЕО)