Лаутаро исто како и Халанд, Мбапе и Кејн!

41
ФОТО: Inter/FB

Лаутаро Мартинез, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Хари Кејн се единствените четири играчи кои биле директно вклучени во повеќе од 10 голови во секоја од последните седум сезони во првите пет лиги во Европа.

Капитенот на Интер ја инспирираше победата на „нераѕурите“ од 2-1 над Џенова во неделата, постигнувајќи еден гол и една асистенција на „Мараси“. Аргентинецот моментално е најдобар стрелец во Серија А со осум гола, еден повеќе од ѕвездата на Милан, Кристијан Пулишиќ.
Статистиката на Опта потврдува дека Лаутаро е еден од најефикасните напаѓачи во Европа во последните години.
„Лаутаро Мартинез е само еден од четирите играчи кои биле директно вклучени во повеќе од 10 голови (8 гола – 3 асистенции оваа сезона) во секоја од последните седум сезони во првите пет лиги во Европа, заедно со Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Хари Кејн“, пишува Опта.
Лаутаро постигна 165 гола на 355 настапи за Интер откако се приклучи на „нероаѕурите“ во летото 2018 година.
Победникот на Светското првенство во 2022 година со Аргентина стана најдобар стрелец во Серија А во сезоната 2023-24 со 24 гола, придонесувајќи за 20-тото Скудето на Интер во нивната историја.
Тој беше и најдобар стрелец на Копа Америка во 2024 година со Аргентина.

ПретходноНеверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!
СледноЧоло Симеоне е подготвен да ги слушне понудите за три свои ѕвезди