Малешевиќ е МВП на 10. коло во Супер-лигата

30

Иако колото број 10 мина во знакот на вечното дерби и победата на МЗТ Скопје против Работнички, имаше и неколку други индивидуални остварувања кои донесоа дополнителен белег на овој претпоследен круг од натпреварувањето…

НИКОЛА МАЛЕШЕВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Одигра одлично на гостувањето во кавадаречки „Јасмин“. За скоро 31.минута во игра, реализираше ефект од 26.поени (1/3 за три, 10/13 за два и 3/4 во обидите за еден поен. Освен тоа имаше и девет скока (два офанзивни), четири аистенции, една освоена топка. Сето тоа заедно за индекс – 34, и најмногу во овој круг од натпреварите во „МТЕЛ“ Суперлигата.

ЏЕЈЛИН БИЛИНГСЛИ (ЧАИР 2030)

Во финишот на средбата со Ангели ги „поправи“ скоро сите статистички категории. Дојде до учинок од 27.поени (10/12 во шутот за два поени, и 7/9 од линијата за слободни фрлања), На тоа придодаде и осум скока, и по една асистенција, освоена и загубена топка – или индекс 32.

БИЗМАРК НИАХ (ФЕНИКС 2010)

На средбата со Маџари, испорача дабл-дабл ефект, но тоа се покажа како недоволно за победа на Феникс 2010.

Сепак, остануваат запишани неговите 18.поени (7/12 за два и 4/6 во обидите за еден поен), плус и оние 15.скока (седум офанзивни), пет успешни додавања, три блокади, исто толку загубени топки, и една освоена, за период од 38.минути поминати на теренот, и индекс 32.

АМАР ХОТ (МАЏАРИ)

Нов двоен ефект запиша македонскиот репрзентативец, На средбата ос неговиот поранешен клуб, оствари скор од 12.поени (1/1 за три , 4/6 за два и 1/1 за еден поен), 18. скока (шест во фазата на нападот), плус две освоени топки за 34. минути на теренот во СРЦ „Кале“, и 30 индексни поени.

ЛАМАР ВАШИНГТОН (КОЖУВ)

Имаше одлични минути на средбата со МКК Куманово, низ кои даде сериозен придонес во новиот триумф на Кожув. Одигра скоро без замена, повеќе од 38.минути во кои реализираше двоен ефект, изразен со реализација на 20.поени (0/2 за три, 9/11 за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања), плус и 10.скока (дури седум офанзивни). Имаше и две асистенции, две освоени и три загубени топки и една блокада што го донесоа до 28 индексни поени.

ПРВА ПЕТОРКА

Никола Малешевиќ (Пелистер)

Џејлин Билингсли (Чаир 2030)

Бизмарк Ниах (Феникс 2010)
Амар Хот (Маџари)

Ламар Вашингтон (Кожув)

ВТОРА ПЕТОРКА

Максим Митевски (МКК Куманово)

Андреја Стевановиќ (МКК Куманово)

Мухамед Тачи (Чаир 2030)

Арбин Рушити (Чаир 2030)

Кевин Дејвис (Пелистер)

*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени

ПретходноОсмани: Разочарани од полусезоната, мораме да влеземе покомплетни во продолжението
СледноЛоша вест: И во проширена Лига на Шампиони, Македонија нема загарантирано место! (ФОТО)