Нов скандал: Дејан Манасков е приведен поради напад на тренер на ГРК Охрид

213

Нема крај на немилите вести од дербито во Охрид. Најновата информација е дека Дејан Манасков е уапсен поради напад на помошниот тренер на ГРК Охрид веднаш полсе мечот.

„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.

Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ПретходноДончиќ беше толку непрецизен што некои „повикаа“ ФБИ (ВИДЕО)
СледноПолноќна бомба од Белград: Партизан има нов тренер!