Бројките говорат: Аморим е најлошиот тренер во историјата на Јунајтед!

36
фото: UtdTruthful (X)

Синоќа на “Олд Трафорд“ беше спектакл, и сега по проспиената ноќ време е да се погледнат бројките. Борнмут однесе бод и ако гледавте, тогаш сè ви беше јасно по пресвртот и голедата која зваерши со осум голови или 4:4..
Како што се очекуваше, Рубен Аморим повторно е на удар, а овој пат циркулираат неговите разочарувачки бројки откако пристигна во Манчестер.
Да одиме по ред – табелата во Премиер лигата од промоцијата на Аморим вели дека Јунајтед е само 14-ти со 53 бода од 43 натпревари. Во тој период, од ноември минатата година кога пристигна, Арсенал освои 88 бода, Сити и Ливерпул по 82, Астон Вила 80, Челзи 75. Значи, сите најголеми ривали освоија од 22 до 36 бода повеќе од доаѓањето на Аморим.
Покрај тоа, Јунајтед прими дури 68 гола на тие натпревари во Премиер лигата, а на дури осум натпревари примија три или повеќе гола.
Ако го погледнете просекот на победи во Премиер лигата, Аморим е најлош во историјата на Јунајтед со само 32%, додека процентот на порази е – 42%.
Има уште еден изненадувачки факт дека тимот на Аморим успеа да ја задржи мрежата чиста само осум пати во 59 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, откако прими четири гола, Аморим рече:
„Не, не се согласувам дека немаме талент во одбраната. Само треба подобро да се браниме заедно како тим.“
Англиските медиуми сè уште се прашуваат дали Аморим е вистинскиот човек за Јунајтед, иако сè укажува дека е најлошиот во историјата.

ПретходноЗаслужен одмор… браќата Ристовски, Серафимов и Адем Љајиќ уживаат во Дубаи
СледноМакедонија го одложи изборот за спортист на годината