Вардар во Прилеп победнички ја заврши 2025-тата

61

Ракометарите на Вардар 1961 со нова победа ја завршија календарската 2025-та. Вечерва на гостувањето во Прилеп на натпреварот од 18. коло, „црвено-црните“ остварија рутинска победа над домашната екипа со 25:31.

Прилепчани се обидоа во добар дел од мечот да му парираат на поширокиот состав на Вардар, со оглед на тоа што Чупиќ им даде добра минутажа и на оние кои не играат често на дерби пресметките и во европските натпревари.

На крајот во составот на Вардар најефикасен беше Хориха со 10 гола, а 5 постигна Јанковски. Кај Прилеп најдобар реализатор беше Тренчевски со 9 погодока.

Вардар 2025-тата ја завршува со скор од 17 победи и само еден пораз.

ПретходноПадна нов договор: Роџерс Мато урива рекорд, стана најскап играч во Македонија!
СледноРајковиќ со Тофаш направи чудесен пресврт за пласман во разигрувањето во ФИБА ЛШ