Гарначо го однесе Челзи во полуфиналето на Карабао купот

31
фото: Chelsea FC (X)

Светскиот клупски шампион Челзи е прв полуфиналист во англискиот Карабао куп. Во денешното четвртфинале, „сините“ од Лондон славеа на готсувањето во Велс кај екипата на Кардиф Сити со 1:3.

Откако во првиот дел од мечот не видовме ниту еден гол, во вториот дел беше далеку поинтересно и ефикасно. Челзи поведе со првиот гол на Гарначо во 57. минута, но упорните домаќини успеаја во 75. минута да израмнат со голот на Трнбал.

Во 82. минута Педро Нето ја врати предноста за Челзи, а Гарначо со својот втор гол во судиското продолжение ги постави конечните 1:3.

ПретходноШифрин победичка на слаломот во Куршевел
СледноГвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот