Во рамките на 16. коло од Евролигата, вечерва екипата на Хапоел Тел Авив славеше против Црвена Звезда со 84:78. Мини-кризата на Црвена Звезда продолжува, откако го доживеа третиот последователен пораз во Евролигата, овој пат најочекуваниот против лидерот во Евролигата.
Елајџа Брајант постигна 28 поени кај победничкиот тим. Отуру постигна 18, а Џонс 15. Од друга страна, Батлер беше одличен со 27 поени и осум асистенции кај Ц. Звезда, додека Милер-МекИнтајер постигна 13.
Во останатите дуели кои завршија, Фенербахче вод ербито со Панатинаикос загуби на домашен терен со 77:81. Победа на гости и за Макаби ТА кај Дубаи 95:97, како и за Валенсија на гостувањето кај Олимпијакос со 92:99.










