Едноставно фантастичен: Брутална партија на Јокиќ и потег за паметење! (ВИДЕО)

199
фото: Denver (X)

Едноставно фантастичен, едноставно најдобар. За повеќе од 90 насто од играчите, ова би бил натпревар на нивната кариера, но за Никола Јокиќ е уште еден ден во „канцеларијата“. Ова најдобро покажува колку ги помести границите на кошарката. Во победата на Денвер над Хјустон од 128:125, по продолженија, Јокиќ потврди зошто многумина го сметаат за најдобар офанзивен играч во историјата на кошарката. Тој помина 42 минути на теренот, што е обично случај кога спротивниот тим има доминантен центар (во овој случај, Алперен Шенгун, кој го заврши натпреварот со 33 поени и по 10 скока и асистенции) и успеа да постигне 39 поени со 15 скока и 10 асистенции. Ова беше негов 13 трил-дабл во сезоната и 176 во кариерата.
Србинот погоди 13 од 27 шутеви од поле (5/9 за три) и осум од 11 слободни фрлања. Покрај тоа, имаше две украдени топки, две блокади и четири изгубени топки.
Тој дури отиде дотаму што си додаваше сам на таблата. Коби Брајант и Леброн Џејмс правеа нешто такво во врвот на својата моќ, а сега го прави и српскиот ас.

Никој никогаш нема повеќе натпревари од него со учинок од 35/10/10. Сепак, сето ова не би било можно без големата помош на Џамал ​​Мареј кој броеше до 35, со што ја „откажа“ одличната игра на Кевин Дурант кој стигна до 25 поени.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Бостон – Детроит 105:112, Мајами – Торонто 96:106, Јута – Далас 140:133 (прдолженија), ЛА Клиперс – Мемфис 103:121.

ПретходноЛУДИЛО на “Олд Трафорд“: Јунајтед и Борнмут одиграа епски 4:4!
СледноТери размислувал за самоубиство по промашувањето на пеналот во финалето во ЛШ во Москва!