Етникос Ахна ја прифати оставката на Мрме! (ФОТО)

47
ФОТО: Ethnikos Achnas FC/FB

Поинаку и не можеше. Сега веќе Игор Ангеловски и официјално не е веќе тренер на Етникос Ахна. Имено пред неполн час, раководството на клубот од Кипар преку своите соцјални мрежи официјално потврди дека ја прифати оставката која Мрме ја даде и притоа му се заблагодари на досегашниот ангажман во изминатите два месеци.

Исто така клубот од Ахна му се заблагодари и на помошникот на Мрме, Милан Илиевски.

Инаку како што е познато, некогашниот селектор на нашата А-репрезентација, по серијата од шест порази по ред завчера си поднесе оставка.

ПретходноСтанковски: Оваа селекција има постојан напредок, играчите подготвени за новите предизвици
СледноОпштина Бутел со четири милиони денари помош за спортот