Речиси сите фудбалски шампионати на стариот континент завршија односно ја окончаа есенската полусезона.
Поголемиот дел од фудбалерите се на заслужен одмор, а тука се подразбираат и нашите интернационалци односно репрезентативци.
„Тешка“ фотографија вредна стотина репрезентативни настапи за Македонија, ни пристигнува од прекрасниот и ексклузивен Дубаи.
Браќата Стефан и Милан Ристовски како и Никола Серафимов, македонските репрезентативци и интернационалци во моментов се наоѓаат на оваа престижна дестинација, а во друштво се со ни помалку ни повеќе туку Адем Љајиќ.
Српската фудбалска икона која што во моментов е соиграч на Стефан Ристовски во тимот на Сараево. Им посакуваме добар одмор и „полнење на батериите“ за остатокот од сезоната.










