Континуирана едукација на тренери носители на УЕФА тренерска лиценца

105
NYON, SWITZERLAND - OCTOBER 30: UEFA Pro Licence Student Exchange Season 9, Course 2 at the UEFA headquarters, the House of European Football on October 30, 2019 in Nyon, Switzerland. (Photo by The Image Gate - UEFA/UEFA via Getty Images)

Центарот за едукација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 22 и 23 декември 2025 година ќе организира континуирана едукација за сите тренери, носители на УЕФА лиценца (УЕФА ПРО, УЕФА А, УЕФА Б, УЕФА Ц, УЕФА А – голманска и УЕФА Б – голманска). Настанот ќе се одржи во хотел „Хилтон“, Скопје.

Оваа континуирана едукација претставува основен предуслов за продолжување на сите УЕФА тренерски лиценци и се спроведува согласно новата УЕФА конвенција од 2025 година. Со присуство на овој форум, фудбалските тренери собираат задолжителни едукативни поени, неопходни за продолжување на лиценцата која ја поседуваат.

Континуираната едукација ќе се одржи во два последователни дена:

22 декември 2025 година – задолжително присуство за носителите на УЕФА Ц и УЕФА Б лиценца;

23 декември 2025 година – задолжително присуство за носителите на УЕФА ПРО, УЕФА А и УЕФА голмански лиценци;

Регистрацијата на тренерите ќе се врши од 08:00 до 08:45 часот во просториите на хотел „Хилтон“ во наведените денови, а во 09:00 часот ќе започне теоретскиот дел од едукацијата. Сите тренери се должни при регистрацијата задолжително да ја приложат својата важечка тренерска лиценца.

По завршувањето на форумот, на учесниците ќе им биде издаден сертификат како потврда за присуство и исполнување на потребниот фонд на поени за продолжување на УЕФА лиценцата која ја поседуваат.

Физичкото присуство е задолжително за сите тренери кои живеат и работат во Република Македонија. За останатите кандидати предвидена е задолжителна онлајн едукација во истиот термин, преку Zoom платформа (линкот ќе биде дополнително доставен).

За учество на оваа континуирана едукација, тренерите треба да уплатат соодветна сума на жиро-сметка на ФФМ прикажана во табелата подолу.
300000001599760
Цел на дознака: Уплата за континуирана едукација – име и презиме.

Оваа објава е во согласност со Правилникот на Центарот за едукација на тренери на ФФМ, усвоен од Управниот одбор на ФФМ. Во прилог се доставуваат табела со износите за уплата согласно лиценцата која ја поседувате.

ПретходноДушан Танасковиќ прави кам бек во МЗТ Скопје
СледноЕвропскиот шампион Петар Мијалков доби меѓународно признание во Молдавија: Плакета за врвниот успех и промоција на Македонија