Иако во Бараса сметаат дека во јуни Роберт Левандовски би требало да си оди, ако се знае дека му завршува договорот, а и поради годините, полскиот напаѓач сака по секоја цена да остане.
Роберт Левандовски не сака да ја напушти Барселона и верува дека сè уште има сила да остане барем уште една сезона.
Според последните информации од каталонските медиуми, неговиот агент Пини Захави бил во Барселона за време на викендот и во таа прилика се сретнал со Хоан Лапорта. Не е тајна дека Захави и Лапорта се во одлични односи, па Левандовски сакал да го искористи тоа за што поскоро да го дознае својот потенцијален статус, но и да нарача клучна ставка преку својот агент – тој е подготвен да прифати значително намалување на платата за да остане до летото 2027 година.
Кога Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година како профилиран напаѓач и еден од најдобрите во Европа, тој доби огромна плата, која дури и растеше со текот на времето, па сега е убедливо најплатен иако е и најстар.
Левандовски е под договор до јуни 2026 година и сака да потпише за уште една сезона со значително намалување на платата, што би можело да биде клучен чекор во преговорите со Лапорт.
Да потсетиме, Барселона сè уште има проблем со финансискиот фер-плеј, и не е во можност да сонува за скапи засилувања, а Левандовски ја прифаќа улогата од клупата и да биде план Б, зад Феран Торес, со значително намалени приходи.
Сега е редот на Деко и Лапорта, кои рекоа дека нема да брзаат со оваа одлука…










