Пелистер е долгогодишен прволигаш во ПМФЛ и имаше силен старт на сезоната, но една црна серија од 77 дена без победа му ја искомплицира позицијата на табелата, по што битолскиот клуб се најде во борба за опстанок. Промената на кормилото вроди плод, па со доаѓањето на Милан Стојаноски, нештата се нормализираа и „зелено-белите“ продолжија да освојуваат бодови и да се прикажуваат во подобро светло, а малку недостигаше во последното коло од есенскиот дел да извојуваат победа на гости кај Арсими.
„Борбата за опстанок ќе се води меѓу неколку квалитетни екипи. Испуштивме победа против Арсими во последното коло, иако на два пати кога имавме водство можевме да обезбедиме сигурна победа. Тие грешки ни се вратија како бумеранг и Арсими изедначи и можеше дури и да направи пресврт. Задоволен сум од натпреварот, им честитав на играчите, но на крајот од сезоната ми недостигаат два бода за мирен сон. Имавме и други испуштени шанси, особено со Македонија ЃП, но има доволно натпревари во пролетниот дел каде што можеме да покажеме што знаеме и умееме. Имам високо мислење за нашите ривали како Тиквеш и АП Брера, па се надевам дека подобрите ќе изборат опстанок“ – коментирајќи го она што претстои, Стојаноски смета дека имаат солиден план кој ќе им овозможи добри резултати на пролет.
„Во паузата меѓу двата дела на сезоната мора да се размислува и да се поправат слабите точки кои ги забележавме оваа есен. Поради различни причини, клубот не беше во посакуваната позиција на стартот на сезоната, но сега мислам дека ја имаме комплетната слика и ќе собереме сила да излеземе од кризата. Ќе се потрудиме да донесеме неколку засилувања, најмалку четири фудбалери за четири позиции, а потоа да одработиме квалитетни подготовки, со цел да го дочекаме подготвени пролетниот дел. Првиот собир ќе го имаме веднаш по Божикните празници, а во втората половина на јануари ќе продолжиме за Анталија, каде што покрај подготовките ќе имаме и неколку контролни натпревари. Тој има и совет околу подигање на квалитетот на играта во првенствените мечеви“ – вели Стојановски.
„Ние не успевавме да ја прикажеме нашата најдобра игра главно поради лошите терени. Мислам дека публиката е ускратена за погледлив и поинтересен фудбал поради лошите терени кои по обилните врнежи изгубија на квалитет. Искрено се надевам дека Македонија ќе го следи примерот на Србија и ќе повлече средства од програмите на УЕФА за терени со вештачка трева, каде што ќе се игра поквалитетен фудбал. Самото скратување на лигата нема да даде квалитет ако не се подобрат и терените“– укажува шефот на стручниот штаб на Пелистер.















