Судот одлучи: ПСЖ му должи на Мбапе 60 милиони евра

28

Судот на трудот во Париз, денеска донесе одлука со која ПСЖ како поранешен клуб на Килијан Мбапе треба да му исплати 60 милиони евра како пресуда за поднесената тужба на сега веќе играчот на Реал Мадрид.

Мбапе поднесе тужба од 263 милиони евра против својот поранешен клуб откако случајот меѓу играчот и ПСЖ стигна до суд. Следуваше контра тужба од клубот кон играчот во вредност од 240 милиони евра.

Наѓачот со својот адвокатски тим побара сума која вклучува 55 милиони евра неисплатени плати, како компензација поради спор околу договорот од страна на клубот. Сепак, тој доби само дел од таа сума, а судот потврди дека ПСЖ не му исплатил тримесечна плата помеѓу април и јуни 2024 година, како и етички бонус и бонус за потпишување договор.

„Задоволни сме од оваа одлука. Ова е она што може да се очекува кога платите не се исплатени“, рече адвокатот на Мбапе, Фредерик Касеро.

ПретходноЕвропскиот шампион Петар Мијалков доби меѓународно признание во Молдавија: Плакета за врвниот успех и промоција на Македонија
СледноСтојаноски: На Пелистер му се потребни сериозни подготовки и неколку засилувања