Талентот на Фиорентина ќе заигра за Македонија

218

Скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македонија, предводена од директорот Николче Новески работи со полна пареа. Напорите да се пронајдат што е можно повеќе играчи со македонско потекло во дијаспората даваат резултат и секојдневно македонската јавност се запознава со нови имиња и потенцијални македонски младински, а зошто не и сениорски репрезентативци.

Овојпат новитетот ни доаѓа од Италија. И тоа не од било кој клуб туку од екипата на Фиорентина. Клуб со сериозна историја, традиција, и средина од каде што поникнале многу италијански репрезентативци.

Се работи за момчето родено 2011 година, кое настапува за тамошниот У15 тим и се вика Мустафа Мубин.

Изразит техничар кој што игра на позицијата крилен напаѓач и кој што го краси одлична техника чувство за асистенција и секако и за гол.

Има потекло од Скопје, а Фудбалската Федерација на Македонија веќе го контактирала за евентуален негов настап за соодветната наша репрезентација.

Нема да пројде многу време пред Мустафа Мубин да го видиме во нашиот дрес, и да се увериме во несомнените квалитети кои ова момче ги поседува.

ПретходноОпштина Бутел со четири милиони денари помош за спортот
СледноМанасков суспендиран на три месеци, Андоновски три натпревари