ФИФА: И Милевски и Барди гласаа за Дембеле

55

Сега веќе поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и капитенот на националниот тим Енис Барди гласале за Усман Дембеле за наградата „Тhe Best“ која денеска ФИФА ја додели за најдобрите фудалери во 2025 година.

Според листата на гласови, Милевски гласал со 5 поени за Дембеле, со 3 поени за неговиот соиграч Витиља, а еден поен од него добил и Ламин Јамал од Барселона.

Капитенот Енис Барди исто така 5 поени дал за Дембеле, три за Јамал, а еден поен за Нуњо Мендеш.

Во изборот на ФИФА денеска наградата за фудбалер на сезоната ја освои токму Дембеле.

ПретходноАтанасовска 50-та на женскиот слалом од Светскиот куп во Куршевел
СледноНови проблеми за Артета, се повреди уште еден важен играч на Арсенал