Шифрин победичка на слаломот во Куршевел

27

Американката Микаела Шифрин, веројатно најдобрата скијачка на сите времиња, славеше и на ноќниот слалом во Куршевел, Франција, кој вечерва се возеше во рамките на Светскиот куп.

Шифрин победи со најдобро време по првото возење, а во второто само ја потврди својата доминација и славеше со вкупно време од 1:42,50 минути.

Второпласираната Камил Раст од Швајцарија заостануваше една секунда и 55 стотинки, додека Германката Ема Ајхер се искачи на третото место на подиумот.

Нашата Јана Атанасовска заврши на 50. место. За неа ова беше прва овосезонска трка во Светскиот куп.

ПретходноЕвролига: Трет пораз во низа за Ц. Звезда
СледноГарначо го однесе Челзи во полуфиналето на Карабао купот