Алкалоид е нерешлива енигма за Бутел

37
фото: RK Alkaloid (FB)

Ракометарите на Алкалоид остварија нов триумф во домашното првенство, овој пат победувајќи го Бутел на гости со 28:33. Алкалоид не знае за пораз во пресметките со Бутел во последните три години.

На денешниот дуел домашните добро се држеа во вториот дел од мечот, откако во првото полувреме Алкалоид со сериозен пристап во играта брзо направи голема предност која на моменти отиде и до 7 гола разлика (11:18).

Во вториот дел Бутел заигра подобро, успеа да се приближи до водството на противникот, но не и да се избори за некое поголемо изненадување. За домашните на овој натпревар Димитар Узунчев со 7 гола повторно веше најефикасен, додека кај Алкалоид 8 гола останаа запишани зад името на Костески.

ПретходноФИФА го избра и „Тимот на годината“ (ФОТО)
СледноАтанасовска 50-та на женскиот слалом од Светскиот куп во Куршевел