Атанасовска 50-та на женскиот слалом од Светскиот куп во Куршевел

42

19-годишната македонска скијачка, Јана Атанасовска денеска го имаше својот прв настап на трките во Светскиот куп во алпско скијање за оваа 2025 година. Атанасовска се појави во првата слаломска трка во француски Куршевел и успеа да го освои 50. место од 67. пријавени натпреварувачки.

Јана стартуваше последна со стартен број 67, но на крајот успеа да избори пласман на 50. место, што, сепак, не и донесе пласман меѓу 30-те најдобри за втората трка закажана по 20.45 часот.

Инаку по првата трка води Американката Микаела Шифрин, пред Камил Раст од Швајцарија и Лена Дуер од Германија.

ПретходноАлкалоид е нерешлива енигма за Бутел
СледноФИФА: И Милевски и Барди гласаа за Дембеле