Вечерва во хотелот „Холидеј-Ин“ во Скопје се одржа петтото јубилејно издание на свеченото доделување на наградите „Златна Олимпија“. Манифестацијата посветена на исклучителните достигнувања и придонеси на жените во македонскиот спорт и оваа година ги вреднуваше најуспешните постигнувања, резултати и работа во повеќе категории.
Како платформа за афирмација на женскиот спорт и охрабрување на идните генерации спортски таленти, вечерва специјални статуетки добија:
- Најдобар женски национален тим за 2025 година
- Фудбалска репрезентација до 17 години
2. Најуспешна спортска работничка за 2025 година
- Гордана Николовска Кузмановска
3. Најнадежна млада спортистка за 2025 година
- Мери Бошковска
4. Најуспешна тренерка за 2025 година
- Катерина Милеска
5. Најуспешна судијка за 2025 година
- Ема Никочевиќ
6. Спортски подвиг за 2025 година
- Катерина Шиповиќ
7. Признание за животно дело
- Стојна Вангеловска
8. Најуспешна спортистка за 2025 година
- Милијана Релиќ
9. Најуспешна федерација во унапредување на родовата еднаквост за 2025 година
- Ракометна федерација на Северна Македонија
10. Најуспешна спортска медиумска работничка за 2025 година
- Маја Јаневска-Илиева
11. Најуспешна спортистка со попреченост
- Фатмире Бајрамоска
- Женско Лидерство и Унапредување на Родова Еднаквост
- Цветанка Макаровски
- Женско Лидерство и Унапредување на Родова Еднаквост
- Ирена Митровска










