Заврши годината за Столе Димитриевски, за нашиот репрезентативен голман и член на Валенсија. Имено до крајот на оваа календарска година, неговиот клуб треба да одигра уште два меча, првиот е вечерва во Копа дел Реј на гости кај Хихон. Познато е дека Македонецот редовно брани за Валенсија само во ова натпреварување, но Столе е повреден и тој вечерва нема да се најде на голот на неговиот тим, исто така нема да биде во комбинација за средбата со Мајорка во Ла Лига која е на програмата претстојниот викенд.
Останува да се надеваме дека македонскиот репрезентативец ќе има повеќе среќа во 2026 година, дека ќе брани за Валенсија редовно или пак во некој друг клуб.










