Претседателот Омерагиќ на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА во Доха

52
DOHA, QATAR - DECEMBER 16: FIFA Olympic Football Committee during the group portrait session on December 16, 2025 in Doha, Qatar. (Photo by Jan Kruger - FIFA/FIFA via Getty Images)

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ денеска беше дел од состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА кој што се одржа во Доха, Катар.

На истиот присуствуваше и првиот човек на светскиот фудбал, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Во Доха, присуствував на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, на кој беше присутен и претседателот на ФИФА, Џани Инфанрино.

Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има за цел унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри, како и тесна соработка со „Olimpics“ во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата.

Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена“ – објави претседателот на ФФМ.

ПретходноФИФА одлучи: Донарума е голманот број еден на светот
СледноХанси Флик бара стопер, ќе може ли Барса да плати 125 милиони евра?!