Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со екипата на Тофаш го освои второто место во групата во рамките на групната фаза од ФИБА Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен со голем пресврт на крајот славеше во директниот дуел за 2. место со екипата на Трапани со 99:93.
Гостите од Италија на минута и пол до крајот на регуларниот дел имаа предност од 10 поени, но Тофаш на чудесен начин успеа да се избори за продолженија 84:84, откако направи серија од 10:0 и не му дозволи на противникот да постигне ниту поен.
Најверојатен следен ривал во разигрувањето за Тофаш ќе биде екипата на Хапоел Холон.










