Неделковски: Вардар должеше преку десет милиони евра, за клубот да биде финансиски „фит“ ќе треба уште две години

505

Во клупските простории на ФК Вардар во моментов извршниот директор на клубот Миленко Неделковски има официјална прес конференција по повод заврѓената полусезона, во која тимот ја освои есенската полусезона.

Истата има неколку делови, а во првичниот Неделковски се осврна на финансиската состојба во која се наоѓаше клубот, и со која што се справуваше сиот овој период.

„Ја одблокиравме сметката која што беше блокирана со 2.5 милиони евра, со тоа што ставивме гаранција од недвижнина вредна многукратно повеќе. Договорот беше да се врати долгот на 32 рати. Досега се платени поголемиот дел. Кон јавното претпријатие „ПУИК“ со денешната уплата се вратени преку 200.000 евра. Приватните лица, фирми и други доверители, и таа блокада беше некаде околу 1.2 милиони евра. Кога ќе се соберат сите долгови таа сума е многу поголема од првичната. Плус на тоа треба да се додаде и дневната камата, која што во еден момент во нејзино име ФК Вардар имаше долг од 50.000 евра“ – рече на почетокот Неделковски па продолжи.

 

„Што се однесува до долговите кон поранешните играчи, функционери, и останати личности поврзани со Вардар може да се каже дека во потполност се ипслатени Горан Попов 200.000, Брдаровски со 150.000, Горан Митев 90.000, Панчев 70.000, Бојан Захариев 60.000, Мирко Спасески 40.000, Бенјамин Демир….“ – рече Неделковски.

„Договорни отплати имаме со луѓе кои не сакале да го блокираат клубот, од околу 600.000 евра тоа се луѓе кои што имаат ете добра намера и не сакаа да не попречуваат во работата“ – вели Неделковски.

„Севркупната сума до овој момент, која што можеби и ќе се зголеми е преку десет милиони евра. За што ќе треба уште сигурно две години за да финансиски се санира“ – рече Неделковски.

ПретходноИ Јахја си замина од Башкими!
СледноВардар заминува во Турција на подготовки, пријателски со Мотор, Алашкерт, Јаблонец….