Пикси пред нов ангажман?!

107
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Ете, и тоа го има. Конечно се најде клуб кој сака навистина да го ангажира Драган Стојковиќ – Пикси, некогашниот селектор на Србија.

Станува збор за Рубин Казан, клуб од Русија.

Откако четири и пол години ја водеше српската репрезентација, славниот Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја продолжи својата тренерска кариера во Русија.
Според извештаите од оваа земја, 60-годишниот стратег добил понуда од рускиот Рубин Казан. Пикси е прв фаворит да го преземе овој клуб.
Рубин неодамна се раздели со таџикистанскиот тренер Рашид Рахимов по речиси три години соработка. Потрагата по наследник започна веднаш, а Стојковиќ „искочи“ како прва опција. Доколку ја прифати понудата од Русија, Стојковиќ ќе се врати во клупскиот фудбал по речиси шест години. Неговиот последен ангажман беше со кинескиот тим Гуангжу Р&Ф, кој го водеше од 2015 до 2020 година.
Пикси ја започна својата тренерска кариера во 2008 година во јапонскиот тим Нагоја Грампус, а сега, по Кина и Јапонија, би можел да заврши во Русија.
Неговото име се поврзуваше и со индонезиската репрезентација, и со потенцијален трансфер во Турција, но на крајот, се чини, му беше судено за Русија.

ПретходноМихајловски: РК Вардар ќе донесе уште двајца македонски ракометари, ако треба и ќе ги измислиме!
СледноАлкараз со потег кој ја шокираше јавноста!