Продолжена соработката меѓу Халкбанк и РФМ (ФОТО)

52

Успешна приказна која трае со години, ама ќе потрае и во иднина. Имено денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година.

Кога една федерација има успеси, резултати и достигнувања, тогаш и најголемите наши брендови од повеќе области сакаат да бидат спонзори. Така тоа оди, успешните со успешните.

Соработката меѓу Халкбанк и РФМ, која успешно трае од 2018 година, претставува стабилно и долгорочно партнерство насочено кон развојот, унапредувањето и поддршката на македонскиот ракомет на сите нивоа. Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Халкбанк за континуираната доверба, партнерство и поддршка, кои имаат значајна улога во реализацијата на програмите и активностите на Федерацијата.

Од таборот на РФМ велат дека со вакви спонзори се продолжува да се гради силна иднина за македонскиот ракомет.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноШкендија е веќе во Ларнака, капитенот денеска го слави својот 39-ти роденден! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноИ Јахја си замина од Башкими!