Ненад Димитријевиќ запиша дабл-дабл учинок во убедливата победа на Зенит против Локомотив Кубан од 98-69. Ова беше битка за третото место на табелата во ВТБ-лигата.
За тимот на македонскиот репрезентативец ова беше 11. триумф во ВТБ-лигата, има и пет порази, и се наоѓа на третото место на табелата.
Димитријевиќ во игра мина 28. минути кои пак беа доволни за дојде до 12 поени и 11 скока. Најдобриот македонски кошаркар имаше и три скока.
Во следното коло, Зенит му гостува на поранешниот клуб на Димитријевиќ, Уника Казан.










