Навистина што се случува со Башкими, со повратникот во ПМФЛ кој имаше солидна есенска полусезна? Имено по Марко Симоновски и Огузјан Ајдоган, за кои “СпортСпорт“ веќе пишуваше, од денеска и Абдулхади Јахја не е веќе дел од кумановскиот прволигаш. Како што дознаваме тој го раскинал договорот со Башкими и сега е слободен играч. Јахја по само шест месеци си замина од Куманово.
Офанзивното крило, кој важеше за еден од најдобрите фудбалери на Башкими, во пролетниот дел ќе игра за друг клуб. Инаку Јахја досега во својата кариера има играно за младинскиот тим на Вардар, потоа за Еуромилк, Шкупи, Струга ТЛ и Воска.
Покрај Јахја од денеска во Башкими не се ни Фарук Бихорац и Недим Хаџиќ. По ова може да се заклучи дека во кумановскиот прволигаш има проблеми.















