Последниот меч на Пелистер во 2025 година со хуманитарен карактер

42
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Пелистер ќе ја заокружи оваа 2025 година со домашниот меч против Кожув, натпревар закажан за сабота со почеток во 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Од клубот соопштија дека мечот кој ќе биде од хуманитарен карактер, средствата ќе бидат донирани за битолскиот „Црвен Крст“ како и за Домот за Деца без родители.

„Победата ќе биде приоритет на овој дуел, а КК Пелистер како општествено одговорен клуб повторно ја потврдува својата големина и надвор од кошаркарскиот терен.
Имено, ја продолжуваме традицијата последните натпревари да бидат од хуманитарен карактер, тоа ќе биде случај и за дуелот со Кожув, од кој сите приходи од продадените влезници ќе бидат распределени за битолскиот „Црвен Крст“ како и за Домот за Деца без родители.
Децата заслужуваат радост и што повеќе среќни моменти во овој празничен период, мило ни е што ќе дадеме свој придонес за да се помогне на оваа најранлива категорија.
Воедно, како клуб ги повикуваме сите оние кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција“, велат од Пелистер. 
ПретходноРеал на прагот на нов трансфер: Доаѓа бразилското чудо од дете за 50 милиони евра?
СледноПелистер победнички ја заврши годината!