Разочарувачка вест за фановите на РК Вардар!

269

Изминатите денови во јавноста излегоа бројни информации околу новите имиња за следната сезона во редовите на РК Вардар 1961. На листата на можни засилувања се најде и поранешниот вардарец, Алекс Душебаев, кој е дел од златната генерација на „црвено-црните“. Тој во 2017 година го подигна пехарот во Лигата на шампиони/

Неговата мисија во Кјелце завршува на лето, но за жал нема да се врати во Скопје. Оваа информација ја потврди првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски на денешниот брифинг со новинарите по завршување на првиот дел од сезоната во домашниот шампионат каде Вардар има 17 победи и само еден пораз. Што се однесува до Европската лига, најтрофејниот ракометен тим се пласираше во главната рунда.

Михајловски ја отфрли можноста за кам-бек на Душебајев, тврдејќи дека немаат стапено во контакт со него, ниту пак имаат намера.

ПретходноБеќири: Домаќинот има сериозна одбрана, но ние далеку од тоа дека ќе ги прецениме или ќе се исплашиме
СледноПСЖ е освојувач на ФИФА интерконтиненталниот куп