Македонскиот репрезенаттивец Решат Рамадани нанижа сто натпревари за Шкендија. Детето на клубот, кој што е сега веќе член на тимот на Динамо Киев, но е позајмен во Тетово, со неговите 22 години веќе има троцифрен број на мечеви во „црвено – црниот“ дрес, и еден од оние кои ја движат Шкендија во моментов.
Таа пак ги испипува најубавите страници ид европската историја на клубот, играјќи групна фаза во Лигата на Конференции.
И не само тоа, утре во дуелот против АЕК Ларнака има можност да оствари пласман и во елиминационата фаза.
Рамадани веќе е дел од А репрезентацијата на Македонија која што пак во бараж дуелите на пролет ќе проба да оствари историски пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.















