Нема дилеми дека утре од 21 часот Шкендија ќе оди по историја. Во меч од 6.коло во Лигата на Конференции, нашиот шампион ќе му гостува на силниот АЕК Ларнака, еден од најголемите клубови од Кипар. Јасно е дека домашниот состав е фаворит на хартија, но Шкендија има сила, има знаење и квалитет да се носи со вакви ривали.
Вечерва тетовци на АЕК арената во Ларнака го одработија тренингот во одлично расположение, со верба во себе дека утре можат да испишат историја и да ја продолжат оваа европска бајка и напролет.

















