Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски имаше уште едно одлично издание во дресот на Тренто на мечевите во Еврокупот. Синоќа во драматичен дуел неговиот тим славеше по продолженија над екипата на Будуќност со 91:90, а нашиот кошаркар одигра меч во кој запиша 13 поени.
Тој беше трет најдобар стрелец во составот на Тренто. Јакимовски помина близу 35 минути на теренот, притоа реализирајќи и 8 скока.
Ова беше трета последователна победа за Тренто во Еврокупот која го носи на петтото место во групата Б.










