Беќири: Домаќинот има сериозна одбрана, но ние далеку од тоа дека ќе ги прецениме или ќе се исплашиме

54

Утре со почеток од 21:00 часот во Ларнака, Кипар, македонскиот фудбалски шампион, Шкендија го игра последниот дуел од групата фаза од Лигата на Конференции.

Тетовци имаат огромна шанса да бидат првиот македонски клуб, кој што обезбедил елиминациска фаза, односно што се вели да „презими во Европа“.

Тоа на Шкендија и го овозможија двете победи досега, против Шелбурн односно Слован Братислава како и бодот освоен против Јагиелонија.

На денешната официјална прес конференција на Кипар, тренерот Јетон Беќири професионално го пофали противникот, но и јасно стави до знаење дека Шкендија планира да ја искористи оваа историска шанса.

„Докажавме дека можеме да играме со силни тимови во Европа за време на ова натпреварување. Имаме максимално почитување кон тимот на АЕК, но во ниту еден момент не влегуваме во натпреварот за да се плашиме од домаќино, и покрај неговата сила и ниво. Со работа и извонредна сериозност во текот на целиот натпревар, се надеваме дека ќе излеземе со позитивен резултат и утре“ – рече Беќири па продолжи

„Екипата на АЕК има исклучително добра одбрана, тие примија само еден гол на последниот натпревар. Мислам дека само нивната одбрана направи разлика, тие играат како тим и како група напаѓаат и се бранат заедно. Мислам дека за да излеземе со позитивен резултат, треба да се претставиме на високо ниво, за што разговараме и анализираме со играчите во текот на целата оваа недела, бидејќи сакаме успешно да ја завршиме оваа европска авантура со овие 6 натпревари што ги имаме во лигашката фаза. Потоа, според резултатот, ќе видиме што ќе ни донесе крајот на натпреварот“ – додава Беќири.

„За сите тимови во ова натпреварување, ова е последен натпревар, исто како што е за нас и за тимот на АЕК. И тие имаат свои математики во врска со пласманот, а ние сме во борба за квалификација. За мене тоа е многу важно, бидејќи до последниот натпревар сме во борба за нешто големо за нашиот тим. Верувам дека и ние и играчите, но и навивачите и другите, не сме задоволни од она што го постигнавме до овој момент и се надевам дека ќе го направиме најдобриот можен настап, што ќе ни овозможи да настапиме и во Европските купови напролет.“ – вели стратегот на Шкендија.

 

ПретходноШкендија оди по историја: Шампионот тренираше на АЕК арената во Ларнака (ФОТО)
СледноРазочарувачка вест за фановите на РК Вардар!